Бизнис
28. January 2016 - 19:44

Пролонгиран рокот за аплицирање за грантови за самовработување, интересот двојно поголем од очекувањата

Над 1000 лица аплицирале за добивање на грант, 300 аликациии се од жени. Поради големиот интерес рокот за достаување на барањата е продолжен. Наместо до утре, огласот ќе трае до 5 февруари.

Надлежните одлучија да дадат уште една недела плус, за да им се остави повеќе време на лицата кои се заинтересирани да отворат сопствен бизнис да ја соберат потребата документација и да аплицираат за средствата.

Секое лице ќе добие по 3.000 евра. Можат да аплицираат сите невработени кои се евидентирани во агенцијата за вработување.

Буџетот за оваа година предвидува пари за 920 нови бинзиси или 1000 нови работни места. За нив ќе се аплицира на два огласи, актуелниот и вториот во мај.

Мерката се користи од 2007 година. Досега се отвроени близу 8.000  бизниси. 90 отсто од нив  сеуште работат активно. За  мерката расте интересот и кај младите. Околу  35 процетни од апликациите се токму од нив.