Македонија
25. March 2017 - 9:14

Пролетното садење дрвја во општина Аеродром

Пролетно садење дрвја ќе има денеска во општина Аеродром.

Дрвја ќе се садат на новоподигнатата зелена површина на раскрсницата на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со булеварот „Февруарски поход“.

На садењето ќе присуствуваат градоначалниците на Град Скопје и општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.