Македонија
20. May 2017 - 19:47

Пролетните мразеви не направија поглеми штети врз житните култури во прилепско

Додека тече постапката за утврдување на штетите од пролетните мразеви врз овошките, житните култури во прилепско, немаат претрпено поголеми штети. Засеаните површини со сончоглед и пченка се речиси идентични со ланските, информираат од ПЕ на Министерството за земјоделство.      

Имајки ги предвид, големите климатски промени и се позачестените временски непогоди, надлежните апелираат до земјоделците навремено да ги осигураат посевите, како би се избегнале и нервозите, а и финансиките загуби при евентуални елементарни непогоди. Како што е познато, државата кофинансира при осигурувањата со дури 60 проценти од вкупниот износ.