Проговори мајката на Јелена: Ова е мојата вистина!
Првпат во јавноста по повеќе од месец дена од страотната трагедија се огласи мајката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, Зорица Крсмановиќ, потврдувајќи за српски Телеграф дека 40 дена од смртта на пејачката ќе одбележат на 11 мај.
На новинарите кои разговараа со неа им ја отвори вратата од својата куќа и со плачлив глас им се заблагодари што пишуваат и известуваат за овој случај, наведувајќи дека се чека правдата да биде задоволена.
Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената Јелена, не сакаше претходно да разговара со медиумите. Иако остана потполно сама, страдаше во тишина. По загубата на ќерката, сила и дава само петгодишната внука Јана, која ја гледа секојдневно.
Сепак девојчето не може многу да се гледа со бабата Зорица зошто со својот татко живее во нивната семејна куќа, со неговите родители.
Инаку, потрагата по убиецот се уште трае и инспекторите и денеска ги пребаруваа теренот каде е пронајдено безживотното тело на Јелена.
Несреќната жена настрада на 1. април, а беше пронајдена утредента во раните утрински часови во каналот покрај насипот во борчанската населба Црвенка.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел