-->
-->
Прогноза за цела зима: Оваа сезона температурите нема да бидат како претходната
-->
Големиот минус на температурите кој нѐ дочека минатата зима, не би требало да се повтори и во претстојната сезона. Барем така прогнозираат меторолозите. Тие најавуваат дека оваа зима најниска температура ќе биде -6 степени и тоа на планините.
Според најавата на Националниот климатски центар оваа зима ќе биде блага.
Се очекува да има од 30 до 60 ладни денови во ниските предели, а на планините 60 до 80 дена.
Што се однесува до снегот, оваа зима не се знае точно кога може да очекуваме снег, но се најавува дека количината ќе биде просечна.
Се проценува дека ќе има од 32 до 40 дена со снег, додека на планините до 50 дена.
Судејќи по сѐ оваа зима ќе биде една од најтоплите зими.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација