Бизнис
30. November 2015 - 8:36

Прогласување на петте најдобри бизнис плана за млади претприемачи

Во организација на Министерството за економија денеска ќе се одржи третата манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис плана во рамки на Проектот - Организирање на бизнис натпревар „Биди перспективен започни свој бизнис“.

Манифестацијата има за цел поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.

Пред присутните ќе се обрати министерот за економија Беким Незири, кој воедно и ќе ги додели ваучерите за најдобрите пет бизнис планови за 2015 година. На настанот ќе бидат и Велимир Стојковски, ректор  на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Вулнет Амети, ректор на Државниот Универзитет во Тетово и Замир Дика, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.