Loading Video...
Свет
4. September 2017 - 20:34

Прогласена вонредна состојба поради пожарот околу Лос Анџелес

Гувернерот на Калифорнија, прогласи вонредна состојба  во пошироката област на Лос Анџелес, откако  големиот пожар што започна во саботата  на планината Вердуго, набргу се приближи до  Бурбенк.и зафати над 2000 хектари шума.Околу илјада пожарникари со стотина противпожарни возила,и девет специјализирани хеликоптери се борат со огнената стихија, која досега уништи неколку станбени згради, десетина други домови и објекти.Повредени се двајца пожарникари, но нивната состојба не е критична.Според полицијата засега нема  други повредени или загинати лица Жителите од над 700 куќи во реонот на населбата Бурбенк,, како и од 180 други во градот, се итно евакуирани поради пожарот, кој се заканува да навлезе подлабоко во градот..Градоначалникот на Лос Анџелес изјави  дека градот се соочува со „најголемиот пожар во својата историја“.