Балкан
4. November 2016 - 21:20

Професионални убијци го ликвидирале Сале Мутави - погледнете за колкава сума станува збор

Црногорски клан ангажирал платеници од БиХ како би ликвидирале лица кои биле на списокот за отстрел во Србија, пишува српски Блиц.
 
Еден од имињата на листата бил и Сале Мутави, чие убиство е платено со 300.000 евра, пишува Блиц.
 
Професионалните убијци кои со повеќе од 50 истрели од калашников го изрешетале Станковиќ од заседа за работата се платени со стока, кокаин.
 
Истиот клан стои зад најдениот арсенал оружје во близина на семејната куќа на Вучиќ, а мета им биле премиерот и неговиот брат, пишува весникот.