Македонија
4. January 2018 - 16:31

Проф.др.Гучев- Единствен Македонец член на француската академија за медицина

Професор Зоран Гучев од Клиниката за детски болести, од пред три недели е член на Француската академија за медицина.

Единствен Македонец кој ја има оваа чест, што се должи на неговата меѓународна препознатливост со објавување на повеќе трудови со импакт фактор во реномирани светски списанија.

Во оваа академија бројот на академици  е ограничен и не секој може да биде нејзин член.

Во разговорот со професор Гучев кој ќе се емитува во вестите на Сител на 8-ми јануари, тој зборува и за Законот за високо образование кој според него е реакционерен и на тој начин ќе продуцира незнаење.