Бизнис
26. December 2015 - 16:43

Проектот за слободите здравствени зони во финална фаза

Финишираат подготовките за основање на слободни  здравствени зони. Владиниот проект е пред пратениците. Овие зони ќе  помогнат за  привлекување на странски инвестиции во областа на здравството. Ако познат светски медицински центар се одлучи да отвори болница и во Македонија ќе добие  поволности од државата.

Премиерот потенцира дека ќе се внимава здравтвените објекти во зоните да не бидат нелојална конкуренција ниту на приватните ниту на државните здравствени установи во земјава.

Здравствен туризам, привлекување на странски капитал за воведување на нови здравствени методи и постапки, трансфер на нова технологија, зголемување на конкурентноста, вработувањето и квалитетот на високобразовната понуда од областа на медицината, се дел од придобивките што се очекуваат од формирањето на слободните здравствени зони.  Ваквите проекти ги има во повеќе земји.