Бизнис
19. August 2017 - 17:07

Проектот за реонизација ќе дава информација која земјоделска култура најдобро успева во одреден регион

Земјоделците ќе добиваат точни информации која култура во кој регион  дава најголеми приноси. Од наредниот месец стартува Проектот за реонизација,  кој ќе покаже кои сорти и семиња најдобро успеваат во дадените  региони според  почвено климатските услови .. Парите за спроведување на проектот,  355 илајди долари го обезбеди ФАО

- Еден од главните предуслови за зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на производот е обезбедување на правилни инфдормации за подобноста за одгледување на одредени земјоделски култури и сорти по производни региони во државите. Овие информации  во голема мерка ќе ги намалат погрешните инвестиции и ќе служат за одредување идни насоки во кој правец да се адаптира нашето земјоделство во однос на климатските промени, изјави министерот за земјоделие Љупчо Николовски

По завршување на проектот земјдоделците ќе добиваат Листа на препорачани култури и сорти, која ќе биде репер за добивање субвенции. За исплатата на заостанатите субвенции  од изминатите години пак , Николовски вели дека до крајот на овој, или почетокот на следниот месец сите земјоделци ги ја добијат државната помош.   Само вчера се исплатени 5,7 милиони евра, додека вкупно до сега   земјоделците  добија околу  60 милиони евра само за субвенции.