Македонија
28. May 2017 - 17:11

Проектот за обнова на старите фасади продолжува во Струмица и Гевгелија

Проектот за обнова на старите фасади продолжува. И оваа година ќе се реализираат неколку проекти кои значат враќање на некогашниот изглед  на дел од фасадите во старите урбани јадра во Струмица и Гевгелија. Во рамките на овој проект струмичкиот завод и музеј   годинава комплетно ќе ја обнови фасата на познатиот Андреев конак во Гевгелија,  значен објект од македонската градска архитектура кој датира од почетокот на 20 – от век. Според најавите целосната обнова на оваа фасада треба да заврши до крајот на годината. Паралелно со овој ќе се работи и на проекти за обнова на фасади во струмичката стара чаршија.

-Претстојат активностите околу барањето на понуди за јавно наддавање, за избирање на фирми, најдобар  понудувач се разбираи штом ги завршиме овие активности се надевам дека ќе почнеме веднаш со градежните активности. Она што исто така е битно оваа година е дека продолжуваме со проектите во страта струмичка чаршија. Во старото урбано јадро на Струмица, односно старата   чаршија ќе реализираме два проекти, значи ќе се работат проекти, а реализацијата на градежните активности се надеваме дека ќе биде  наредната година, вели Зоран Рујак – директор на Завод и Музеј Струмица

Во рамките на програмата за санација на фасади од староградската архитектура во изминатите неколку години во Струмица и Гевгелија беа реализирани повеќе такви  проекти.  Фасадите на два објекти во старата струмичка чаршија, зградата на струмичкиот  архив и библиотеката Гоце Делчев во Гевгелија се само дел од објектите чии што фасади беа целосно реконструирани и конзервирани преку годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес.