Македонија
30. March 2017 - 14:32

Проект за домување на ромската заедница во Кичево

Кои проблеми ги засегаат Ромите од Кичево во делот на домувањето, треба да покаже прашалникот кој е дел од проектот „Домување - чекор напред кон подобра иднина на ромската заедница“. 

Според координаторот на проектот Идавер Реџепоски, прашалникот беше спроведуван 30 дена во населби каде што живеат Роми.

Проектот го имплементираат здруженијата Национален ромски центар од Куманово и Авена од Кочани, а подизведувач е организацијата на ромската младина „Бела кула“ од Кичево. Финансиран е од ЕУ и ќе трае шест месеци, од 15 јануари до 15 јули 2017 г.

Предвидено е организирање три информативни работилници за лица кои имаат проблем со домувањето. Ќе присуствуваат претставници од институции на локално ниво со цел изнаоѓање решение и надминување на проблемот.