Бизнис
15. јуни 2016 - 10:26

Проект „Клик полесно до вашиот бизнис“ за Источниот плански регион

Центарот за развој на Источниот плански регион и лабараторијата за иновации во рамките на Факутетот за информатика во Штип во наредните три месеци ќе работата на реализација на проектот „Клик полесно до вашиот бизнис“.

Директорката на Центарот за развој на ИПР Драгица Здравева истакна дека во проектот ќе бидат вклучени студенти и професори кои работат на иновативни проекти, а ќе добијат и опрема чија вредност е околу 2.500 евра.

- Суштината на самиот проект е да се воспостави линк меѓу субјектите, чинителите во Источно планскиот регион за размена на информации од различни области. Овде би биле поврзани локалните самоуправи, јавните претпријатија, бизнис заедницата, како би дошле до полесни информации за расположивите индустриски зони, слободни локации за инвестирање, фирми и институции кои нудат подршка на мали и средни претпријатија, изјави Здравева.

Сите овие информации ќе бидат поставени на веб портал и на мобилна апликација. Проектот „Клик полесно до вашиот бизнис“ фиансиски е подржан од ГИС Ред Програмата во Македонија и Министерството за локална самоуправа.