Македонија
23. January 2018 - 16:27

Продолжуваат тензиите и поделбите во БЕСА

Продолжуваат поделбите и тензиите во БЕСА. Советничката од движењето БЕСА Џемиле Мехмети е нов претседател на советот на Општина Чаир, откако таа заедно со уште еден советник од оваа партија ја поддржаа колаицијата ДУИ – СДСМ, на кој претходно и фалеше само еден глас. Овие двајца советници се дел од крилото на БЕСА предводено од Билал Касами.

Останатите 5 советници на БЕСА во општина Чаир не ја подржале ваквата одлука, и заедно со советниците на АА и ВМРО ДПМНЕ ја напуштиле Седницата. Членовите на оваа партија кои го поддржуваат Неџбедин Кахрамани велат дека за ова предавство, подржувачите на Касами се наградени од ДУИ со нов општински штаб во Чаир.

Од претходно е позната поделбата и на пратениците на движењето БЕСА. Според информациите на Сител, Билал Касами контролира двајца пратеници, додека останатите тројца се дел од членството кое го поддржува Неџбедин Кахрамани.

За идниот месец и двете фракции во БЕСА најавија оддлени конгреси. Крилото кое го именуваше Кахрамани за претседател, треба да одржи конгрес на 21 февруари, додека три дена покасно лидер на партијата треба да изберат и приврзаниците на Касами.