Македонија
12. November 2015 - 16:55

Продолжуваат реакциите по најавите на Героски и СДСМ за федерализација на Македонија

Жестоки реакции од граѓаните по најавата на Героски и СДСМ за федерализација на Македонија. Во Тетово, градот во кој Македонците се малцинство никој не може да поверува како е можно Македонец да излезе со таков предлог

Уште пожестоки реакции на граѓаните на Кичево. Градот кој поради пазарот на СДСМ со албанските политички партии денеска има градоначалник Албанец му порачувана Геровски дека воопшто не сака да разговара за федерализација

Остра реакција денеска пристигна и од здружението на бранители Бедем. Од таму велат дека тезата за федерализација на Македонија е многу опасна и дека е тешко да се поверува дека доаѓа од луѓе кои и мислат добро на својата држава
И македонскиот бранител Јохан Тарчулоски вчера преку социјалните мрежи му порача на Героски  дека Македонците страдаат и пропаѓаат од како што рече, изродите во своите редови. Тој потенцираше дека многу Македонци загинале за независна Македонија и порача дека народот знае што сака, а тоа сигурно не се СДСМ и Героски.
Но жестоките реакции на граѓаните очигледно не влијаеа многу на уредникот на соросвиот Плусинфо. Тој денеска во нова колумна ја продолжува тезата за федерализација на Македонија, прашувајќи го Тарчуловски, дали ќе пука во него, онака како што пукал во Љуботен.