Бизнис
28. November 2016 - 20:11

Продолжуваат превирањата во ССМ

Во сојузот на сидникати  сеуште тензично. Во писмениот допис на ССМ се вели дека продолжуваат обидите за незаконска промена на раководството на синдикатот. Митревски тврди  дека Дарко Димовски направил уште две кривични дела, со изработка на фалсификуван печат и лажно претставување како в.д претседател на ССМ.

Митревски тврди дека согласно законските прописи единствен легитимен орган за вршење на промена на лицата за застапување е Централниот регистар.

Истиот изработил фалсификат печат на име Сојуз на синдикатите на Македонија и на истиот со факсимил се потпишал иако ССМ поседува официјален печат.

За ваквиот чин  информирано е Обвинителството со цел да се превземат веднаш соодветни мерки против посоченото лице. Постапката за упис во Централниот регистар е стопирана заради фалсификат, се вели во дописот на ССМ. Според Митревски на овој начин се загрозува безбедноста на имотот, зградата и на вработените.

Од друга страна четирите грандски синдикати предводени од Димовски потенцираат дека Живко Митревски е разрешен, на легитимен начин и без било какви злоупотреби. Според нив тоа го потврдило и министертвотот за труд , а се чека само Централнио регистар да го запише новиот претседател на сојузот. Грандските синдикати потенцираа дека Митревски е разрешен затоа што доволно не ги застапувал интересите на работниците.

Претходно Митревски поднесе кривични пријави против Минстерката Ременски поради како што вели со фалсификуван  документ донела решение за негова смена  и против уште   пет лица .