Бизнис
14. July 2017 - 20:16

Продолжуваат превирањата околу челното место во сојузот на синдикатите

Продолжуваат превривањата во ССМ. Митревски тврди дека управниот суд донел одлука со која се потврдува неговиот избор за претседател на ССМ, од друга страна одбраната на неговиот противник Димовски  посочи дека одлуката на судот не значи ништо. Митревски  го презентираше решението на управниот суд кој го одбил предлогот на  Димовски за промена на овластеното лице на синдикатите пркеу Централен регистар. Побара сите иснитуции да ја почитуваат одлуката на судот, а од претседателот на СИЕР, УПОЗ и в.д претседателот на ССМ Дарко Димовски да си поднесат неотповиклива оставка поради злоупотреба на членствотот.
 
Од друга страна адвокатот на Димовски, Ѕвонко Давидовиќ посочува дека со одлуката на судот не е решена суштината на спорот  и дека туку се работи  само за  одбивање на барањето за незаконско постапување на Централниот регистар.
 
Давидовиќ   вели дека министерката Царовска има ингеренции да  утврди  ништовност на решението од нејзиниот претходен колега Ибраими, врз  основа на кое Митревски сеуште е претседател на ССМ.
Министерката Царовска пак пред извесно време посочи дека за случајот со ССМ ќе побара мислење од меѓународната организација на трудот , но дека нема намера да прави упад во  синдикалното организирање и очекува проблемот да го решат самите работници.