Ракомет
10. February 2016 - 16:28

Продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите

Со вечерашниот дуел меѓу Загреб и ПСЖ од групата А ќе продолжат натпреварите од ракометната Лига на шампионите. Почетокот на дуелот е во 18:45 часот.

Утре се играат два натпревара од групата Б меѓу кои е и дуелот на македонскиот првак Вардар против Рајн Некар Ловен. Овој натпревар се игра во Германија, а почетокот е во 19:30 часот. Утре од оваа група играат и Кристијанштат и Киелце.
Другите натпревари од 11.коло се играат во деновите од викендот.