Ракомет
3. May 2017 - 16:22

Продолжуваат квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска

Ракометните квалификации за Евроипското првенство во Хрватска 2018 година ќе продолжат со денешните осум натпревари, додека утре се играат и другите шест. Македонија на домашен терен утре ќе игра против Исланд.

Од денешните дуели за издвојување е „реприза“ на финалето од Светското првенство меѓу Норвешка и Франција што се игра Осло.

Распоред на дуелите од 3.коло по групи.

Група 1: Летонија – Холандија (денеска) и Унгарија – Данска (утре)

Табела: Данска 4, Унгарија 4, Холандија 0, Летонија 0.

Група 2: Белрусија – Полска и Романија – Србија (утре).

Табела: Романија 4, Белорусија 2, Србија 2, Полска 0.

Група 3: Австрија – Шпанија (денеска)  и Финска – Босна и Херцеговина (утре).

Табела: Шпанија 4, Австрија 2, Финска 2, Босна и Херцеговина 0.

Група 4: Украина – Чешка (денеска) и Македонија – Исланд (утре 20 часот).

Табела: Чешка 2, Македонија 2, Исланд 2, Украина 2.

Група 5: Словениа – Германија (денеска) и Швајцарија – Португалија (утре).

Табела: Германија 4, Словенија 3, Португалија 1, Швајцарија 0.

Група 6: Русија – Шведска и Словачка – Црна Гора (денеска)

Табела: Шведска 4, Русија 2, Словачка 1, Црна Гора 1.

Група 7: Норвешка – Франција и Белгија – Литванија (денеска)

Табела: Франција 4, Норвешка 2, Литванија 2, Белгија 0.

Натпреварите од 4.коло ќе се играат во деновите на викендот (6 и 7.мај).