-->
-->
Продолжуваат јужноамериканските квалификации за СП 2018
-->
Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во Ла Паз, во кој селекцијата на Боливија ќе биде домаќин на Аргентина ќе биде отворено 14.коло во јужноамериканските квалификации за Светското фудбалско првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија.
Средбата меѓу Боливија и Аргентина ќе се игра во терминот од 22 часот, а еден час подоцна ќе започне дуелот Еквадор – Колумбија.
По полноќ на програмата се трите преостанати натпревари од оваа рунда во кои ќе се сретнат: Чиле – Венецуела, Бразил – Парагвај и Перу - Уругвај
На табела лидер е Бразил со 30 бодови, пред Уругвај кој има 23 и Аргентина со 22, а по нив следуваат: Колумбија 21, Еквадор 20, Чиле 20, Парагвај 18, Перу 15, Боливија 7 и Венецуела 6.
Првопласираните четири селекции директно ќе обезбедат настап на Мундијалот, додека петто рангираната ќе игра бараж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто