Македонија
20. August 2017 - 19:11

Продолжува времениот сообраќаен режим на ул.„Тодор Александров“

Поради изведување градежни работи за асфалтирање на коловозот, се продолжува времениот сообраќаен режим на улицата „Тодор Александров“, како и на околните улички од десната страна од оваа улица, информираат од Градот Скопје.

- На 21 и на 22 август 2017 година (понеделник и вторник) во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира десната страна на улицата „Тодор Александров“, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици „Периша Савелиќ“, „Партение Зографски“, „Тасино Чешмиче“ и „Славејко Арсов“. Во текот на градежните работи, на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, наведуваат од Град Скопје.

Градот Скопје, воедно, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.