Продолжува собраниската дебата за Закон за употреба на јазиците
Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седница на која се расправа за Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.
Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).
За предлагачот и пратениците од мнозинството, законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на државата.
За пратениците од опозицијата, пак, тој е противуставен зошто, според нив, говори и фактот што се носи со европско знаменце, иако нема никаква европска регулатива со која се усогласува и тој ќе донесе само дополнителни поделби, а не кохезија во општеството.
Во Законодавниот дом денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство и за труд и социјална политика.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог - законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка во второ читање.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледаат Предлог закон за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, сите по скратена постапка во второ читање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација