Фудбал
7. March 2016 - 9:49

Продолжува „проклетството“ на Ремзи?!

Нема крај на бизарното проклетство за играчот на Арсенал, Арон Ремзи. Имено кога тој ќе постигне гол „светот на познатите и славните“ е во страв.
 
Се започна во 2011 година, кога го „закопа“ Осама бин Ладен, а потоа ги „среди“ и Стив Џобс, Моамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер, Робин Вилијамс, Алан Рикман, Дејвид Боуви...
 
Арон Рамзи, во саботата, постигна гол за Арсенал во дербито со Тотенхем, а ден подоцна светот го напушти поранешната прва дама на САД, Ненси Реган. Таа почина на 94-годишна возраст.