Македонија
20. September 2017 - 14:10

Продолжува проектот за реконстукција - Уште 4 згради во Аеродром ќе добијат нови фасади

Деновиве продолжува проектот за реконструкција на уште 4 фасади во Општина Аеродром.

Станува збор за улиците „Петар Ацев“ број 22 и 15, „23 Октомври“ број 12 и булеварот „Видое Смилевски Бато“ број 23.

Инаку, проектот за реконструкција на фасадите, по барање на жителите, почна минатата година со изработка на проекти за промена на фасадите на 18 згради, од кои во првата фаза до сега се променети фасадите на 7 згради, а до крајот на годината се очекува да се опфатат уште споменатите 4 згради.

Средствата за реконструкција на фасадите се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

Проектот ќе продолжи и во наредните години додека не се заменат фасадите на сите оштетени згради, а со тоа не само што ќе се подобри нивниот изглед, туку граѓаните ќе добијат и енергетски ефикасни домови и ќе заштедат на нивно загревање.