Бизнис
17. July 2017 - 19:57

Продолжува проектот - ангажирањето странски експерти во домашни компании

Домашните компании задоволни од ангажманот на странските експрети. Поради позитивните ефекти мерката ќе прдолжи да се применува. До 29 месецов сите мали и средни фирми имаат можност да се пријават на третиот по ред повик за странски експерт.
 
Домашните фирми кои веќе користеле странска помош во работата велат дека ја зголемиле ефикасноста, но на оние кои сакаат да користат им препорачуваат  да внимаваат при изборот. На ескпертите им порачаа кога доаѓаат во земјава да се запознаат со состјбата во фирмите, зошто не  сите имаат потреба да  учат за почетоците на бизнсиот.  
 
Проектот е наменет за мали и средни фирми со 10 до 250 вработени кои постојат најмалку две години и најмалку 51 отсто да имаат домашен капитал.
 
Досега странски експерт имаат ангажирано  96 фирми, главно од секторите за производство и технологија. Главните забелешки  за македонските  фирми кои ги навеле експертите  се несоодветна организација во компанијата, мала ефикасност,  загуби, голем притисок врз вработените и слаба комуникација  меѓу нив.