Продолжува „Лидер фест 2015“
Форумот „Лидер фест 2015“, што вчера започна во Делчево, денеска продолжува со реализација на дводневната програма во Пехчево и Берово.
Иницијативата за одржување на „Лидер фест 2015“ е поддржана од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени и од Мрежата за рурален развој на Република Македонија.
Членовите на Локалната акциона група „Пијанец - Малеш“ ќе бидат примени од градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, по што е предвидена посета на објектите, реализирани со проектни средства од УСАИД и од Програмата за прекугранична соработка на Европската унија во Туристичко-рекреативниот центар Равна Река и покрај Беровско езеро.
- Со вчерашната едукативна работилница и со денешните посети на реализираните проекти во Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и Берово ќе се поттикне соработката на сите локални чинители во локалниот развој на Пијанечко-малешевскиот регион и ќе се овозможи презентација на субјектите кои со проектни активности даваат придонес за руралниот развој и локалната економија на сите четири општини, изјави за МИА Тони Стојменовски, претставник на организаторот на „Лидер фест 2015“ Центарот за застапување од Делчево, кој е и главен координатор на дводневниот форум.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО