Продолжува конститутивната седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Во досегашниот тек од расправата главна тема е тиранската платформа и нови избори како можност за излез од кризата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека платформата е постизборно подметната и бараат СДСМ да се откажат од неа и да се оди на нови избори. Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие побараа да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно