Македонија
17. March 2018 - 16:32

Продолжува илегалниот премин на мигранти - оваа година откриени 1000 случаи

Пограничните органи секојдневно спречуваат  нови обиди за илегален пемин на јужната граница. И после две години откако Балканската мигрантска рута беше официјално затворена  голем дел од бегалците се обидуваат  на нелегален начин од Грција да влезат на македонска територија и  од тука да продолжат кон западно европските земји. Само оваа година биле регистрирани над 1000 такви случаи. Статистиката на министерството за внатрешни работи покажува дека од почетокот на годината па до 15 март на македонско грчката граница биле спречени 1006 обиди за илегално преминување . 

Освен индивидуалните обиди за нелегален влез во државата македонките погранични органи спречиле и повеќе случаи на криумчарење. Во изминатите два ипол месеци се откриени седум тавкви случаи во обид да бидат прокриумчарени 51 мигрант, најголемиот дел од нив од Пакистан и Сирија, но ги имало и од Турција, Шри Ланка, Курдистан, Ирак, Иран и Авганистан. Сите седум случаи веќе се расветлени, а против 13 лица се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела криумчарење мигранти.

Минатата година беше завршена со бројка од вкупно 4129 обиди за нелегален премин на границата. Според структурата најброни биле лицата од Пакистан, нивниот број е нешто повеќе од 1000, а потоа следуваат државјаните на Сирија и Алжир.  Лани биле откриени  и 19 случаи во обид  да се прокриумчарат вкупно 218 мигранти . Во овие случаи против 36 лица се преземени мерки на кривичен прогон.  Најголемиот дел од нив или 88% се македонски државјани, а останатите од Албанија, Грција и Грузија.