Македонија
1. February 2017 - 8:37

Продолжува блокадата на грчките земјоделци на преминот Евзони

Сообраќајот на граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај во двата правца и за патнички и за моторни возила поради поставена блокага од трактори од страна на грчките земјоделци.

Граничниот премин е блокиран од грчките земјоделци од понеделникот во 16 часот и 30 минути. Нема информација до кога ќе трае штрајкот на земјоделците.