Бизнис
11. July 2016 - 8:56

Продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2016 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи со расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година во второ читање.

Членовите на продолжението на седницата ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на предложениот ребаланс на Буџетот за 2016 година.

Вкупно беа поднесени 325 амандмани.