Македонија
16. јуни 2016 - 16:09

Продолжи расправата за импичментот на Иванов во Парламентот

Трет ден жестока собраниска дебата и меѓусебни обвинувања за импичмент на претседателот Иванов. Пратениците од СДСМ сметаат дека со помилувањата Иванов го прекршил Законите и Уставот. 

Сметаат дека е недозволиво претседателот без никаква судска постапка, сите политичари да ги направи еднакво виновни. Единственото решение според СДСМ е Иванов да поднесе оставка.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквите тврдења се неосновани. СДСМ обвинува за непочитување на Уставот без да наведе ниту еден член кој е прекршен.

Пратениците од владејачката партија потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која побарала повлекување на аболицијата, а единствен политичар кој во овој момент е над законите е Зоран Заев.

Собраниската расправа за одговорноста на Иванов почна во понеделникот, откако минатата недела собраниската комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од СДСМ.

Според собранискиот деловник нема ограничување во дискусиите, а за да почне постапка за одговорност пред Уставниот суд, позитивно треба да се изјаснат две третини од вкупниот број пратеници.