Македонија
15. August 2017 - 16:27

Продолжение на собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски

Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од јаловите дискусии во Собранието и да овозможи да се носат закони кои ќе бидат во корист на граѓаните како што се законот за стечајци и законот за минимална плата. Ова е пораката на СДСМ по 11тото продолжение на седницата за разрешување на Марко Зврлевски која трае веќе месец и половина поради дискусиите на сите пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во собраниската сала денеска се продолжи со темпото од еден до двајца дискутанти дневно, а повеќе од десетмина се уште го чекаат правото на збор.

Најавата на Ременски дека до крајот на неделата ќе заврши дебатата за Зврлевски, неофицијално беше потврдена и од извори од денешната координација на Талат Џафери. Тие велат дека Џафери одлучил расправата за Зврелвски да трае до петок. По тоа парламентарците заминуваат на одмор, независно дали е исцрпен целиот список на дискутанти. Расправата во тој случај би продолжила на 29 август.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека не се реални пресметките дека дискусијата би завршила в петок. Димовски рече дека тие веднаш ќе се откажат од расправата за Зврлевски доколку на дневен ред дојде седницата на која треба да се расправа нивниот закон за јавен обвинител според кој овој функционер треба да се избира на предлог на опозицијата.

„Јавниот обвинител на Република Македонија се бира со мандат од шест години, а не од четири години. Целта на Уставот е секогаш мандатот на оваа функција да преклопува повеќе мандати за да се обезбеди независност од актуелната политичка гарнитура. Секоја интенција, која што да бидеме искрени се случувала и досега, да се заврши предрвеме мандатот на носителот на функција при промена на распоредот на силите во парламентот, секој обид за промена на носители на функции е класична политика. Разрешување на вршител на функција значи политичко замешување. Надвор од умот е идејата да се смени јавниот обвинител, затоа што Уставот му овозможува да преклопи два мандата“

Расправата во Собранието денеска беше мирна, но и често надвор од темата за дискусија. Во реплика пратеникот Стевананџија го цитираше Тешкото поради разрешувањето на директорот на Танец, Влатко Ѓорчев објави дека денесна владата на Зоран Заев се задолжува за нови 44 милиони евра што значи 1.300 денари долг дневно за секој граѓанин, други пратеници пак, говореа за тоа дека нема да има зголемување на пензиите како што тоа било досега.