Македонија
6. October 2015 - 15:00

Продолжение на собраниската расправа за екстерното тестирање

Драстично спротивставени ставови во однос на екстерното тестирање искажаа и денеска пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. 

Во продолжението на 67. собраниска седница, едните побараа негово целосно укинување со образложение дека е апсурдно дефинирано и поради тоа погубно за образованието, а другите сметаат дека опозицијата, наместо конструктивни, нови, подобри решенија, нуди потполно идентичен закон со неколку избришани одредби, замајувајќи ја на тој начин јавноста и злоупотребувајќи ја дискусијата за политички цели.

- СДСМ нема конструктивен пристап и не нуди ништо ново во однос на екстерното тестирање. Едноставно бара негово целосно укинување со единствено образложение дека го влошува квалитетот на образованието без притоа да даде каква било идеја, метод или предлог за замена, усовршување, подобрување на целиот процес, оценија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во расправата по предлог-измените на Законот за основоното образование поднесен од опозицијата. 

Како што нагласи Олга Најденовска, образложувајќи зошто ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлог-законот, унапредувањето на образованието, зголемувањето на неговиот квалитетот, на учењето и на квантумот на знаење на учениците за ВМРО-ДПМНЕ се приоритет.

Оваа Влада, потсети Најденовска, од 2006 година досега во образованието вложи многу, го зголеми буџетот за 67,7 отсто и реализира низа проекти. 

- Дадени се бесплатни учебници, обезбеден е бесплатен превоз за учениците кои живеат 2,5 километри подалеку од училиштата, воведен е бесплатен интернет во сите училишта и ученички домови, донесени се програми за подготвителна воспитно-образовна дејност во предучилишно образование, дадена е можност за вешти и компетентни ученици во биснисот преку т.н. реални училишни компании во средните школи, се воведуваат кембриџ програмите, воведени се и преку 1.000 т.н. агрегатори на видео содржини за наставниците чија содржина може да ја види секој граѓанин,... Бидете добро информирани за тоа што се прави, посочи Најденовска. 

Според неа, во решението кое го нуди СДСМ, нема ништо ново. - Вие практично не носите закон, туку користите нешто што некој друг го сработил години наназад, бришејќи неколку става, подвлече Најденовска.

Во реплика на дел од пратениците од СДСМ кои јавно, од собраниската говорница, им дадоа поддршка на пленумците, Најденовска напомена дека соочувањето со студентите не треба да биде на улиците, туку во училниците и амфитеатрите, со знаење.

Претходно, тие и забележаа дека во десетминутната дискусија, 9,5 минути зборувала за проектите на Владата, наместо да изнесе прецизни аргументи зошто смета дека екстерното не треба да биде укинато. Воедно ја обвинија дека, како претседател на собраниската Комисија за образование, и покрај испретниот допис, не закажала комисија на која, според предлогот на СДСМ, би се расправало детално за екстерното, со сите релевантни чинители.

- Не ја кажував програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Само изнесов факти дека оваа Влада донесе инвестиции кои му овозможуваат на образовниот систем да оди напред, реагираше Најденовска.

Според Горан Сугаревски, ситемот на екстерно тестирање наметнат во Македонија е апсурден, дефектен и тотално извитоперен. 

- Кажете дали сметате дека вака дефинираното екстерно треба да остане? Ние сметаме дека треба да биде целосно укинато. Дали мислите дека во сведителствата треба да стојат слаби оценки, пракса што никаде во светот ја нема и со која осакатуваат многу генерации?, праша Сугаревски.

На тоа Најденовска одговори дека СДСМ, наместо да биде тука, одбра 15 месеци да остане надвор и затоа, сега не е релевантен фактор, а единицата како оценка, не треба да стои во сведителствата.

- Тоа неколку пати го кажав и еве, го повторувам. Оваа Влада имаше дискуии и јавни расправи со релевантни дискусии. Повелете, и вие приклучете се за да донесеме квалитетни решенија, а вашиот предлог- закон нема да го прифатиме. Кои механизми за контрола на образовниот порцес ги предлагате законот? Што предвидувате освен она што ние го наведуваме?, децидна беше Најденовска. 

Јасно ставајќи до знаење дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од идејата за повиски стандарди во образованието, Илија Димовски ја квалификува дисусијата на Сугаревски како интелектуална антиреволуција.

- Сите држави се борат за зголемување на станрдите во образованието, за поголем квалитет и конурентност, а вие се борите за уназадување. Ако сите владини реформи одеа во насока на унапредување на образованието, вие ги осудувате и сакате да ги елиминрет. сакаме да воведем стандарди и свесни сме дека овас не чини политилчки поени. Ова е исто како да предложите да се укинат сите даноци, но дали е тоа добро за држќавата, рече Димовски. 

Љубиша Николиќ уште еднаш го изнесе ставот на СДСМ дека актуелниот начин на кој есктерното оценување е дефиниран, е погубен и го уништува образованието. Затоа партијата бара негово целосно укинување. Николиќ потсети и дека учениците, излегувајќи на улиците, масовно го искажаа своето незадоволство од екстерното тестирање. 

Став на Горан Милевски од ЛДП е дека со екстерното, ВМРО-ДПМНЕ, фрла се во вода. - Не чинат професорите, не чини наставата, го деградирате трудот на наставничкиот кадар и на одличните ученици кои цела година учат за сметка на само еден час. Не знам дали намерно го уништувате образованието или од незнаење, рече Милевски. 

Независниот пратеник Солза Грчева, пак, констатира дека екстерното е дел од „плукни - залепи“ реформите во образованието.  - Токму овие работи од типот „плукни-залепи“ не се дел од конзистентна стратегија, напротив, претставуваат популизам. Лесно е да се воодушевуваме на сали, фасади, боја на згради, но никој не се зафати со структурни реформи. На факултетите добиваме се послаби ученици, забележа Грчева.

Забелешки изнесе и Ибрахим Енес од Партијата за движење на Турците, порачувајќи дека е нелогично да се воведуваат проекти од типот бесплатен интернет, кога многу од училиштата се уште немаат елементарни услови, струја, прозори,... Голем, а се уште нерешен проблем, додаде, е и тоа што во Македонија се уште сите ученици и наставници не се еднакви, алудирајќи на немањето или лошо преведените учебници на турски јазик. 

Крсте Мукоски ги праша опозициските пратеници зошто настапуваат со максималистичко барање за целосно укинување на екстерното тестирање, наместо да зборуваат за подобрување на одредени членови во Законоот во насока на зголемување на квалитетот на учењето. 

- Барате екстерното да се избрише во целост, а добро знаете дека како пракса го има во сите земји во Европа и во светот. Верувам дека и вашата цел е да се подобри квалиетот на наставата и да имаме што пообразувани деца. Зошто тогаш сакате да се тргне целосно законоското решение, рече Мукоски, повикувајќи го СДСМ да даде конструктивни предлози за подобрување на процесот. 

Неговиот сопартиец Андон Чибишев во текот на расправата, како што истакна, не слушнал ниту еден издржан аргумент од опозицијата, зошто предлага измени на Законот во делот на екстерното. Наместо тоа, нејзините пратеници, рече, се занимаваа со излагањето на Најденовска.

 - Не мислиме дека Законот е идеален, туку дека има одредени недостатоци за кои можеме да разговараме. Но, не слушнавме ниту еден конкретен предлог освен дека треба да се избрише, да се укине, посочи Чибишев. 

Собраниската седница ќе проодолжи по редовната едночасовна пауза.