Македонија
6. October 2015 - 17:10

Продолжен рокот за аплицирање за филмската акдемија во Охрид

Од ноември годинава со работа стартува Институтот за филм-Филмската академија Охрид, во соработка со ФАМУ, најпрестижната филмска и телевизиска школа во Прага.  И покрај големиот интерес за упис од македонски, но и странски студенти, Министерството за образование го продолжува рокот за аплицирање за да им овозможи на што повеќе кандидати да ги комплетираат документите за упис.

Финансиите нема да бидат пречка за студирање на филмската академија во Охрид. 20-те најдобри кандидати кои ќе се запишат на постдипломски студии, ќе добијат целосни стипендии од страна на Министерството за образование.  Тригодишните студиски програми ќе се изведуваат на англиски јазик, а студентите ќе имаат можност да учат директно од најдобрите професори од ФАМУ. Академијата за сценски уметности од Прага е петта најстара филмска школа во светот, која зад себе брои влијателни режисерски имиња, добитници на Оскар и лауреати на меѓународни филмски фестивали.