Бизнис
26. October 2016 - 19:37

Продажбата на огревно дрво зголемена за 15%, неиспорачни уште 5 проценти од нарачките

На само 5 отсто од домаќинствата не им се доставени дрвата за огрев. Од нарачаните 420 илјади кубни метри, испорачани се 410 илјади. Остануваат уште 10 илјади кубни метри  да се достават до домаќинствата. Надлежните уверуваат дека дрва во складовите има и оние кои ги чекаат ќе ги добијат до крајот на месецов.  

Оваа сезона во споредба со ланската  продажбата на огревно дрво е зголемена за  15 отсто или исечени се  25 илјади кубни метри повеќе.  

Од претпријатието велат дека годинава  се подготвени повеќе од лани. Причината за тоа ја гледаат во воведувањето на мерката да се ограничи рокот за доставување на барањата за огревно дрво до 15 март. Затоа ваквиот начин за купување на огревно дрво ќе остане и следната сезона со можност рокот  за аплицирање да се продолжи до 30 март.

Цените  и годинава се исти. Кубик даб чини 2.450 денари, а бука 2.370 денари. За транспоротот до дома се наплаќаат 150 денари плус.  Огревното дрво сеуште важи за најевтин енергенс. 63 отсто од граѓаните го користат за затоплување.