Бизнис
29. August 2015 - 17:11

Процесите за селектирање на отпад нудат можност за вработување

Реализацијата на проектот за селекција на отпадот кој стартуваше  во 2008 година, со што, тогаш, прилепски “Комуналец” направи пионерски чекор во земјава, во моментов, на ова комунално претпријатие му обезбедува рекордна продажба на 1000 тони селектиран отпад, што е 27 проценти од вкупниот волумен селектиран отпад, и заработувачка од 7-8 милиони денари на годишно ниво.
 
Приходите од продажбата на отпадот, кој главно се откупува надвор од земјава, според проекциите на претпријатието, ќе овозможат отворање на уште 150 нови работни  места.
 
Во последниве пет години, ЈКП “Комуналец” – Прилеп, заклучно со годинава, од продажбата на селектираниот отпад инкасирал половина милион евра, средства кои перманентно се вложуваат во осовременувањето на претпријатието.
 
Тука, пред се мисли на обновата на возниот парк, но, најмногу на изградбата на Центарот за управување со отпадот за кој линијата со вредност од 14 милиони и 600 илјади денари  веќе е набавена, и сега само се чека на дозволата за изградба на халата.