Бизнис
14. January 2018 - 16:18

Процентот од девизното плаќање на патарините одел кај деловните банки, а не кај НБРМ

Мал дел од парите од наплатата на патарините во евра од странците завршуваат кај деловната банка која ги собера кованите монети од наплатните станици останатите одат во буџетот на ЈП за државни патишта.

Ова објаснување на директорот на претпијатието Китанов доаѓа откако тој пред два кажа дека разликата во сумата што странците ја плаќаат на македонските патишта оди кај НБРМ по што од банката излегоа со остар демант.

Разликата во цените за домашните и странските минувачи Китанов ја објаснува како резултат  на владина одлука која е донесена  уште во 2014  година се со цел да може да се даде шанса  на странските државјани да платат во евра ако не успеале да ги променат парите  во денари  во менувачниците на граничните прмеини, поради тоа што најнсиката кована монета која се користи кај нас е 50 центи , но и поради тоа што дел од разликата оди кај деловната банка која ги собира  кованите монети  и за сработено добива провизија.

-Ако странците немаат денари туку евра плаќаат различно затоа што најмалата кованица која ја примаат банките е 50 центи и кога има цена на патарина на пример од 80 денари се заокружува на 1, 50 евра, дел зема и банката за провизија, а ако има цена што одговара со курсот е исто, ако е 30 денари тогаш во евра е 0, 50 центи, рече Зоран Китанов- директор на ЈП за државни патишта.

Китанов очекува со  воведувањето на модерниот  начин на наплата на патарината со при пејт каритчки  сите патници  за патарина да плаќаат исто затоа што странците кога ќе влезат во земјава ќе ја купат картичата која ќе биде со средства во  денари.