Бизнис
24. јуни 2017 - 17:25

Проблемите со автопатските делници ќе се отстрануваат, одгворност ќе се бара за грешките

СДСМ ќе бара одговорност за пропустите при изградба на автопатот Кичево Охрид и Миладиновце Штип,  но ветија и санација на штетите.  Преку соопштение реагираат дека ВМРО ДПМНЕ направиле огромна штета врз потребите и интересите на граѓаните, но и на угледот на државата . Во моментов се прават анализи  колку  пари дополнително ќе се потрошат за отстапувањата

За автопатот  Миладиновце  Штип, Сугарески вели дека ќе треба да се потпише нов анекс договор, затоа што ртокот за изградба истече на 1 мај. .Во меѓувреме околу 1.500 градежни работници, ангажирани за изградба бараат брзо решение на проблемот. Стравуваат дека стопирањетро со градба, ќе ги остави без егзистенција.

Новата влада согледа сириозни пропусти и  нерешнени имотно правни односи при изгрдба на авртопатските делници Миладиновце Штип и Кичево Охрид.