Живот
10. March 2017 - 14:38

Пробал со вазелин да си го зголеми пенисот - сега му се распаѓа телото

 
Александар од Ниш, Србија, сакал да го зголеми пенисот со вазелин, а потоа сфатил каква кобна грешка направил.
 
Александар Џелиќ, како што пишува српскиот Ало,  се одлучил за несекојдневен експеримент додека бил на издржување на шестогодишната затворска казна во Сремска Митровица. Запознал осуденик кој се претставил како некогашен пластичен хирург и му рекол дека на едноставен начин може да му го зголеми пенисот. Му рекол дека е доволно да се вбризга вазелин.
 
-Вбризгав вазелин во половиот орган, а бидејќи ништо не се случуваше, уфрлив под кожата дури 80 грама. Четири дена ништо не се случуваше, а тогаш почна пеколот, вели тој. Отокот беше ужасен, лекарите мораа да ми го расечат надворешниот дел за да можам да уринирам. Ми ставија катетер, тогаш добив инфекција, преживеав ужас, завршува тој.
 
Вели дека ги моли докторите да го спасат и дека телото му се распаѓа.