Приведени осуммина пратеници во косовското Собрание
Косовската полиција во текот на вчерашниот ден приведе вкупно осуммина опозициски пратеници во Собранието на Косово, јави Танјуг.
Петмина од нив биле приведени на сослушување синоќа под сомнеж дека учествувале во вчерашното фрлање на солзавец во косовскиот Парламент.
Како што јави Радио Слободна Европа, на овие претеници уште преходно им била изречена мерката домешен притовор, која тие не ја почитувале.
Претходно вчера беа притворени уште тројца пратеници на опозициската Алијанса за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, кои се обвинети за непочитување на судската казна за домашен притвор.
Косовските судови казна од едномесечен или домашен притвор досега им имаат изречено на вкупно 13 пратеници од опозициските партии Самоопределување, Алијанаса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово.
Меѓу казнетите пратеници е и поранешниот лидер на Самоопределување, Албин Курти, кому му е изречена мерка притвор во траење од еден месец.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози