Приведени над 30 лица на новите неодобрени протести во Москва
Московската полиција денеска на недозволени собири во престолнината уапси повеќе од 30 лица, само една недела откако ширум земјата избија антивладини протести, јави ТАСС.
Околу 20 лица се уапсени додека се обидувале да оддржат „опозициски марш“ до Тријумфалниот плоштад, додека 11 се уапсени на плоштадот Мањежни, во непосредна близина на Кремљ, се дознава од полициските податоци што ги пренесе руската агенција.
Полицијата ги растерала демонстрантите и во моментов тие си заминуваат, наведува ТАСС забележувајќи дека повеќето учесници во протестот се уапсени, додека некои одлучиле сами да го напуштат местото на собирање.
Полициското присуство денеска во центарот на Москва беше исклучително силно, при што пешаците на Црвениот плоштад можеа да влезат дури откако ќе минеа низ детектори за метал, додека полицијата го блокира плоштадот Пушкин, традиционалното место за собирање на демонстрантите, пренесиа американските медиуми.
Минатонеделните протести, во кои само во Москва беа уапсени повеќе од 1.000 лица, беа најобемните во изминатите неколку години, наведуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава