Македонија
30. July 2016 - 13:05

Приведени 17 странски државјанки во локал во Тетово

При претрес на угостителски објект во Тетово, полицијата вчера привела 17 странски државјанки поради нерегулиран престој и нелегална работа. Изречена им е забрана за двегодишен влез во Република Македонија, а во текот на денот тие ќе бидат депортирани, соопшти МВР. 

Како што се наведува во соопштението, вчера во времето од 4:10 до 7:45 часот од страна на полициски службеници од ОКП-Скопје постапено е по Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен Суд-Скопје 1, при што е извршен претрес во угостителски објект во Тетово. Притоа, поради нерегулиран престој и нелегална работа, приведени се 17 странски државјанки од кои девет државјанки на Бугарија, две на Србија, една на Босна и Херцеговина и пет државјанки од Албанија.

На лицата, соопшти полицијата, им е изречена мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од две години. Во текот на денот ќе бидат депортирани од земјата.