Македонија
2. October 2017 - 13:23

Приведени 15 навивачи на Вардар и Шкупи поради тепачка

Петнаесет лица биле приведени вчера попладне по тепачка меѓу навивачките групи на ФК“Вардар“ и ФК“Шкупи“ на кејот на Вардар во Скопје. 

МВР информира дека тепачката почнала околу 15:20 часот во Скопје, а била прекината по интервенција на полицијата.

Приведени биле 15 лица, а по извршениот разговор поднесени се 15 платни налози за констатиран прекршок - насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.