Македонија
25. August 2016 - 12:04

Притвор за Србин фатен како криумчари мигранти кај Демир Капија

Вчера околу 07.30 часот на автопатот Удово-Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на патничко моторно возилоПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки кои не застанале.
 
Патничкото возило се исклучило кон Демир Капија, а товарното возило продолжило со движењето и на околу 500 метри после клучката застанало, возачот излегол и побегнал.
 
Меѓутоа, по кратко време бил приведен од полициските службеници при што е утврдено дека станува збор за лицето Н.С. (38) од Р.Србија.
 
По извршениот преглед на возилото биле пронајдени 47 лица-мигранти од Сирија, Ирак, Пакистан и Авганистан.
 
Лицето Н.С. заедно со мигрантите се приведени и задржани во ПС-ОН Неготино за понатамошна постапка.
 
Од страна на судија на претходна постапка на српскиот државјанин одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против Н.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.