Македонија
19. February 2017 - 16:43

Притвор за осмничените во ,,Мрежа‘‘ - истрагата ги брои клиентите

Притвор од 30 дена за сите петмина осомничени во акцијата “Мрежа” одреди судија на претходна постапка. Одлуката следи по барањето доставено од обвинителството за одредување на мерки за обезбедување на присуство. Од обвинителството денеска преку соопштение, барањето го оправдуваат со обезбедените докази.

По преземени истражни дејствија во текот на изминатите месеци,  за сите осомничени се обезбедени материјални и други докази врз основа на кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела, стои во соопштението од ЈО.

Досегашната истрага според инвормациите од истражните органи покажала дека дрогата била набавувана од непознато лице од српскиот град Нови Пазар, кое било поврзано и со радикални структури. Кокаинот бил продаван по цена од 3000 до 4500 денари за една паковка, а клиенти на оваа криминална група биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња, политичари и поимотни лица од Скопје. Од истрагата откриваат дека групата изминатите години успевала успешно да се сокрива од лицето на правдата поради блиските врски со поранешни високи функционреи во МВР.