Македонија
3. February 2018 - 11:44

Притвор за лицето што изврши кражба во куќа на 80-годишна жена во Велес

Лицето, што вчера извршило кражба во куќа на 80-годишна жена во Велес е лишено од слобода и е извршено препознавање од страна на оштетената. 

- Лицето, како што соопштуваат од Јавното обвинителство на РМ, е осомничено дека со фантомка на главата вчера влегло во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперило пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари. Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената. Од ташна во плакарот одзел 9000 денари и си заминал. Жената успеала да се ослободи и да се јави во полиција.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.