Притвор од 72 часа за приведените српски државјани во Црна Гора
Притвор од 72 часа им е одреден на сите 20 српски државјани, кои беа уапсени во Црна Гора на денот од парламентарните избори под сомнение дека учествувале во криминална и терористичка организација.
Според црногорските медиуми, српските граѓани во два часот по полноќ биле сослушани пред Специјалното обвинителство.
Во соопштението на Специјалното обвинителство се наведува дека групата формирала „криминална организација“ во текот на овој месец со цел „да изврши дејствија врз законодавната и извршната власт во Црна Гора“.
Обвинителството додава и дека групата планирала вооружен напад врз граѓани, кои веројатно ќе се соберат пред зградата на Парламентот по завршувањето на изборниот ден, како и против полицајци. Тие потоа планирале да влезат во зградата на Парламентот и да прогласат победа на „некои политички партии“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо