Македонија
19. October 2017 - 16:28

Притвор и за петтоосомничениот за нападот на 27. арпил - ВМРО преку пратениците ќе бара амнестија

Основното јавно обвинителство одреди притвор и за петтоосомничениот за нападот врз Зијадин Села во Собранието на 27 април.. Со ова сите петмина кои беа осмомничени за сторено кривично дело Убиство во обид со соизвршителство, заработија 30-ет дневен притвор.. Четворица од обвинетите се зад решетки откако завчера Обвинителството објави фотографии од неколкумина осомничени за настаните во собранието а во нивното препознавање побара помош од граѓаните.. По неколку часови лицата беа идентификувани и приведени..

Инаку и денеска од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Извршниот комитет на партијата донел одлука пратениците од оваа партија да достават иницијатива за опфаќање со амнестија на лицата вклучени во настаните пред и во парламентот од 27 април..