Македонија
22. November 2017 - 14:45

Пристигна 11. ротација на словачки полицајци, последна за 2017 година

Единаесеттата ротација на припадници на словачката полиција пристигнаа во Македонија, согласно  Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, соопшти денеска словачката Амбасада. 

Единицата од 15 словачки полицајци е последната ротација за 2017 година. Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде распоредена во областа на Дојранско езеро.

Полицајците се опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Словачка од март минатата година испрати во земјата вкупно 235 полициски службеници.